Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски: Во Сител, Канал 5 и Алфа завршиле 13 милиони евра народни пари!

Кирацовски: Во Сител, Канал 5 и Алфа завршиле 13 милиони евра народни пари!

Груевски дал 13 милиони евра народни пари на Сител, Канал5 и Алфа за само 3 години, обвини денеска  дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

Тој соопштувајќи преку официјални документи истакна дека со парите од граѓаните  Груевски не се симнува од екраните на телевизиите  Сител, Канал 5 и Алфа.

Според графиконот кој го објави Кирацовски ТВ Сител добила над 5 милиони евра,  Канал 5  речиси 4 милиони евра, додекаво Тв Алфа влегле над 4 милиони евра.

Додека за истиот период, 35 пати помалку според Кирацовски за реклами телевизија Алсат М добила околу 200.000 евра а Телма 160.000 евра  .

Дополнителниот заменик посочи дека со овие документи станало јасно зошто токму тие три  телевизии ги масакрираат и демонизираат опозицијата, демократската јавност во земјава и секој кој ќе се обиде да мисли поинаку.

Кирацовски додаде дека ова е уште една причина зошто не се можни   фер и регуларни избори .

„Без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес и без медиумска регулација избори нема да има“, изјави Кирацовски.

kiracovski

kiracovski1

Слично

Поврзани вести