Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават малверзации со теренската проверка!
Дополнителниот заменик министер во МИОА од редовите на СДСМ Александар Кирацовски денеска ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека правеле малверзации со теренската проверка за избирачкиот список.
Имено, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, образложувајќи дека министерката Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во Министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците што е спротивно на Договорот од Пржино и спротивно на Законот за Влада!
Тој во изјавата за медиумите приложи писмо од ДИК адресирано до министерката Арсовска Томовска до него како дополнителен заменик министер и до државниот секретар Јахија, со кое што ДИК во петокот побарала кадри од МИОА за внесување на податоците од теренската проверка во 8 подрачни одделенија во Скопје и државата.
За Кирацовски спорно е и тоа што ДИК официјално изразува потреба од само 36 лица за 8 општини, а испратени се над 100 лица во скоро сите општински изборни комисии.
Кирацовски рече дека ќе го спречи секој обид д за можни неправилности поврзани со кадровски прашања, тесно поврзани со изборите и инсистира на двојна контрола при внесувањето на податоците
Тој потенцира дека испратените тимови не се составени според обврската од Договорот од Пржино а списокот нема негов потпис и бара на овие тимови да не им се дозволува да внесуваат податоците проверка додека не се обезбеди побараната двојна контрола.
