Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски се закани со вето на списокот на ДИК, ако не е точен!

Кирацовски се закани со вето на списокот на ДИК, ако не е точен!

Дополнителниот заменик минситер за  информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска предупреди дека ќе стави вето на списокот на ДИК, доколку не се веродостојни податоците за бројката на вработени во јавниот сектор.

Кирацовски вели дека регистарот мора да содржи податоци на вработените внесени во професионален софтвер, а не на обични ексел табели, какви што се најголем дел од доставените податоци.

 „Регистарот по закон мора да биде база на веродостојни податоци за бројката на вработени во јавниот сектор. Само од него може да произлезат точни списоци за ДИК“, изјави тој.

Според член 32 од Изборниот законик, ДИК во рок од 3 дена од распишување на изборите до институциите надлежни за водење на евиденција на вработени, во случајот и МИОА, поднесува барање, за доставување на список со вработени во Јавниот Сектор, соодветно систематизирани, список кој министерството е должно во рок од 5 дена да го достави до ДИК.

Кирацовски упати на фактот дека  годинава во Регистарот се изоставени вработени во пионерски домови, работнички универзитети и ликвидирани јавни претпријатија и потенцира дека ако се направат малверзации, на  списокот до ДИК со вработени во министерствата, тој ќе стави вето.

Слично

Поврзани вести