Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски: Потребни се квалитетни решенија што ќе ја мотивираат администрацијата да работи

Кирацовски: Потребни се квалитетни решенија што ќе ја мотивираат администрацијата да работи

Опозициската СДСМ најостро се спротивстави на казните со коишто треба да се соочи администрацијата поради грубиот и политички мотивиран Закон за административни службеници, донесен од страна на власта на Никола Груевски.

„Барам, нелогичното оценување на административните службеници за 2015 година да не важи, а казните да не се спроведат!

Инсистирам одредбите од законот што го предвидуваат оценувањето, да бидат ставени во мирување.

Потребни се квалитетни решенија што ќе ја мотивираат администрацијата да работи, а не одредби за притисоци и злоупотреби во политички цели.

Информирам дека администрацијата, според овој закон, се соочува со брутални, неправедни казни што се внесени во законот како инструмент на власта на Груевски за уцени и контрола“, изјави Кирацовски од СДСМ.

За да се спречи злоупотреба на администрацијата за политички цели преку закана за казни или бркање од работа, како дополнителен заменик министер, тој инсистира Владата да поднесе Закон до Собранието на Република Македонија, со којшто оценувањето за административните службеници и реперкусиите од истото, ќе бидат ставени во мирување.

„Ако власта на Груевски не го стори тоа, ваков предлог закон до Собранието ќе поднесат пратениците од опозицијата“, рече Кирацовски.

Во меѓувреме, најави серија средби со синдикатите, НВО и административни службеници, за заедно да се подобри законската рамка, со цел поквалитетна администрација!

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wqtiDK-CroY[/embed]
Слично

Поврзани вести