Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кирацовски: По инцидентот во „Диво Насеље“ на сметките на три телевизии легнале над 2.600.000 евра

Кирацовски: По инцидентот во „Диво Насеље“ на сметките на три телевизии легнале над 2.600.000 евра

Во текот на вчерашниот ден дополнителниот заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски обвини дека Владата за три години на сметките на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа им префрлила 13 милиони евра.

Денеска,  Кирацовски соопшти колку пари легнале на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа на 11мај – понеделник, првиот работен ден, по инцидентот во кумановската Дива населба на 9мај – сабота.

На сметката на телевизиите Сител и Алфа на 11 мај, власта  префрлила над 930.000 евра, додека на  Канал 5 префрлила над 820.000 евра, или вкупно на трите телевизии над 2.600.000 евра.

„Тоа е веднаш по трагичниот инцидент во Куманово, кога загинаа полицајци, астотици луѓе останаа без домови. Еве ги аргументите! Што   платиле   Никола   Груевски   и   неговите   соработници   во  власта,  на  Сител,   Алфа   и Канал 5 со над 2.600.000 евра народни пари? Како   веднаш   по   трагичниот   инцидент   во   Куманово   на   9-ти  Мај,   додека   семејствата   назагинатите полицајци беа во огромна болка, додека стотици семејства останаа без кров, додека јавноста во Македонија се прашуваше што`и се случува, Никола Груевски прво на што мислел биле милионите евра народни пари за Сител, Алфа и Канал 5?“, изјави Кирацовски .

Тој вели дека тоа се медиумите кои за трагичниот инцидент во Куманово оркестрирано ги лажеле граѓаните дека некој подготвувал дестабилизација на Македонија .

Од опозицијата го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не сака договор за објективни медиуми бидејќи нема   да   може   да   нарачува   прилози   со   кои   се   обидува   дадестабилилизира кога ќе им текне на него и на партнерите, и тоа да се врти по цел денна телевизиите.

Од партијата на Заев велат дека без регулирани медиуми нема фер избори.

1112 1112-1

Слично

Поврзани вести