Кираџии во сопствената земја!
Немам некое искуство за пишување текстови, бидејќи не сум новинар туку обичен граѓанин на возраст од 37 години коj е доволно искусен да направи некаков пресек на животот и да направи некоја објективна размисла што направил самиот тој, потесната околина и општеството во целина.
Слободно може да се каже дека живееме во време невреме како локално, регионално така и глобално. Сигурноста веќе никаде не е загарантирана.
Идеата за насловот ја добив од многуте контакти со луѓе кои ги имав во сиве изминати години.
Ќе кажат постарите: Ехх порано подобро се живееше...
Пред десетина петнаесет години ќе речев незнам, сеуште немав доволно искуство за да проценам и пресудам коe време било подобро, па затоа одговори на некои прашања барав од моите мили дедо и баба кои сеуште ми даваат животни совети бидеќи поминале преку осумдесет години живот полн со разни предизвици, војни, поплави, земјотреси, глад, сиромаштија...
Денеска излегува дека се што ми рекоа моите дедо и баба е стопроцентна вистина.
Затоа во прилог направив една кратка анализа со прашања кое време беше подобро за живеење пред или после 90-те години, каде на левата страна од табелата одговор даваат моите дедо и баба, а на десната јас и моите врсници.
Прашањата и одговорите ги поддредив според неколку општествени сектори кои заедно даваат одговор за квалитетот на животот.
Нормало не треба се да се земе дека е целосно точно, односно да се земе со резерва бидејќи одговорите се субјективни.
Можат читателите да си дадат свој одговор, па да видиме каде сме исти, а каде различни во мислењата.
Уште на почеток да се оградам од било каква политчка или партиска припадност за да не бидам погрешно разбран, бидејќи денеска е тешко да си неутрален со свој став.
Ова е чисто слободно граѓанско и би рекол лично истрaжување.
ПОЛИТИЧКО ОПШТЕСТВЕН И БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ
ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ
ЕКОНОМИЈА И СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
КУЛТУРА
ЗДРАВСТВО И ЖИВОТНА СРЕДИНА
СПОРТ
Јас: Еех дедо, каде ли отиде мојава генерација...?!
Дедо: Еех внучко, се што сум спечалил на овој свет е за џабе бидејќи неможам да го земам со себе кога ќе заминам на оној свет. На крајот остануваат само убавите спомени, љубовта, сеќавањата за најмилите, колку си бил добар човек и што добрини си направил во времето во кое си живеел.
Александар Домазетовски
| ПРАШАЊЕ | ОДГОВОР ОД ДЕДО И БАБА | ОДГОВОР ОД МЕНЕ И МОИТЕ ВРСНИЦИ |
| Дали бевте политички определени? | Да, сите бевме една партија,еден народ,една држава. | Да, сите сме во различни партии, повеќе националности и не сум сигурен дали има една држава за сите граѓани подеднакво. |
| Дали беше член на тогашната Комунистичка партија и дали мораше да имаш книшка за да се вработиш? | Имаше и такви ,но тоа генерално не беше услов да бидеш вработен.Дражавата се грижеше да ги стави сите квалитетни луѓе на високи позиции и секој што е добар да напредува. Имаше и исклучоци каде некои напредуваа по партиска заслуга ,но тоа беше минорно. | Да, тоа е единствен услов да бидеш вработен кај нас, која партија дојде менува се од чистач до директр, луѓето се толку оптеретени со политика што никој веќе не си ја гледа работата.Тие што беа квалитетни и што не завземаа страна немаа право на работа ,па мораа да ја напуштат татковината или се снаоѓаат како знаат и умеат. |
| Колку бевте сигурни тогаш,имаше ли убиства ,самоубиства,кражби,се чуствувавте ли сигурни воопшто? | Ее внучко, одевме на Јадран и спиевме поред патот во кола или шатор ,никој не те чепка, ниту прашува.Убиства и самоубиства беа реткост неколку во десет години. Ситни кражби имаше ,но полицијата веднаш ги фаќаше. Криминалците секогаш завршуваа во затвор. | Ех дедо, сега мислам дека има повеќе жртви од убиства и самоубиства отколку што имало автомобили тогаш.Никој веќе не е сигурен. Денес е модерно да си криминалец. |
| Имаше ли морал и етика тогаш,имаше ли солидарност? | Да на многу високо ниво, зборот беше закон и секој го почитуваше, имаше ред помладите ги слушаа постарите.Преку солидарност се изгради цела земја. | Аман дедо што е тоа,овде секој втор те лаже ,даден збор е мислена именка, а постарите никој не ги ферма.Солидарност може да добиеш од најблиските ако имаш некаков проблем, а на улица ако ти се дупне гума никој нема да ти застане да ти помогне. |
| Дали верските храмови и државата се мешаа меѓусебно? | Не, тие беа и со закон и практично укинати. Секој можеше да оди во црква или џамија, немаше забрана. Само некои луѓе кои беа на државни позиции не смееа да одат. | Искрено незнам каде е таа граница и дали ја има.Гледам верските лидери се возат во луксузни затемнети автомобили, поседуваат имот како да се нафтени картели, младите од помодарство одат во храмови ,без да знаат што тоа значи ,а тарифите за свадби ,крштефки и погреби се како за Швајцарија. Верските лидери коментираат и што треба и што нетреба од општествените процеси,а за сиромашните некаде ги нема. |
| Се иселуваа ли луѓе во ваше време? | Имавме пасош признат насекаде и скоро секаде одевме без виза, имаше луѓе што сакаа да си ја пробаат среќата надвор и никој не ги запираше во намерата. Но кој сакаше можеше да се врати кога сака. | Незнам што е ова сега, порано се иселуваа од економски причини за да заработат за леб за својата фамилија,сега се селат цели фамилии и тоа добро ситуирани, хит е да аплицираша за иселеничка виза во Америка,Канада, Австралија и западно европските земји.За враќање никој не ни помислува... Хит се бугарските пасоши кои се продаваат како галичко сирење. |
| Имаше ли толку меѓунационални проблеми и недоверба меѓу националностите? | Не, сите растевме во духот на братство и единство и никој не гледаше што си по националност ,вера или заради тоа да си дискриминиран. Сите заедно си помагавме едни со други и си одевме по слави,бајрами и слично. Имаше многу мешани бракови... | Мешани бракови? Звучи неверојатно.Ако денес погледнеш некој со симпатии од друга националност, може ќутек да изедеш ,а не па за нешо повеќе, има и исклучоци али тие си знаат како им е... Славите почнаа да се честитаат по sms и facebook. |
| Како ве оценуваа на училиште,учевте многу? | Да, ретко некој беше скроз одличен,требаше многу да знаеш за да заслужиш петка,а на факултет одеа само најдобрите.Магистри и Доктори беа реткост. | Хм,сега пола клас е одличен ,а на факултет се запишува кој сака,секој втор е магистар, а секој петти доктор. |
| Ги почитувавте ли наставниците и професорите? | Ооо не смеевме во очи да ги погледнеме, имавме страхопочит од нив, но ни пренесоа многу знаење. | Хаха, сега не ги рецкаат 1%,а често и ги тепаат. |
| Дали беше бесплатно образованието? | Да во секоја смисла.Али диплома се добиваше исклучиво со знаење. | Не сум сигурен дека е така сега. Ама, ако си платиш ќе земеш диплома. |
| Дали треба врски за да го запишеш детето во градинка? | Ха ха ха ,какви врски ,какви бакрачи... за сите имаше место. | Ауу, сега треба да се најавиш една година однапред , да фатиш некоја врска ,а ако и тоа не успее идеш преку партија ,така да децата уште од мали се учат на партиска припадност. |
| Дали државата ти дала поволни услови да купиш сопствен стан или куќа? | Да имавме поволни кредити со кои направивме куќа, а ратите беа минимални и неосетни за нормало живеење. | Среќа што наследив нешто од моите родители стекнато од тоа време , но останатите треба да издвојат минимум една третина од плата за рата ако сакаат да купат стан или куќа и притоа да се молата да им остане барем за јадење. Денеска важи: “Живеј на кредит ,умирај на рати” или “купи стан,врати куќа” |
| Дали постоеше висока класа? | Да, но тоа беше невидливо за 99,9% од граѓаните. | Да и тоа е видливо за 99,9% од граѓаните. |
| Дали постоеше средна класа? | Да, и тоа беше главната класа која беше видлива за 99,9 % од граѓаните | Да, но тоа е некаде околу 10% од граѓаните. |
| Дали постоеше ниска класа? | Да ,но тоа беше невидливо за 99,9% од граѓаните | Да и тоа е видливо за 99,9% од граѓаните. |
| Колку пати одевте на одмор годишно и како тоа влијаеше на семејниот буџет? | Два пати минимум и ако се спои некој празник можеби и повеќе. Немаше никакво влијание на семејниот буџет, имавме добри примања. | 10% од населинието може да си дозволи одмор без влијание на семејниот буџет,а останатите ако земат кредит ќе одат. |
| Што градевте тогаш? | После војната 1945 година почна земјата масовно да се гради од нула,од автопатишта, електро и термо централи, училишта,болници,универзитети,градинкиСпортскиобјекти,аеродроми,МАНУ ,театри,студентски домови, станбени згради,институции,фабрики... се што имаше на запад од А до Ш се изгради и кај нас од игла до локомотива за период од 20-25 години. | ааууч , дедо ние не само што неможеме да ги искречиме тие објекти туку и 80% ги затворивме поради нашата алчност и неспособност да ги управуваме и одржуваме. Одвреме навреме ќе фрлиме некоја лопата да закрпиме некоја дупка и тоа е.Давеме наши пари на странци,за да ни градат нивни фабрики во нашата земја и нашите луѓе да работат за минималец.Еее тоа се вика кираџии во сопствената земја. (работиме за туѓи држави) |
| Дали се снимаа често македонски филмови и од каков обем? | Да, иако претежно беа снимани филмови за победата на партизаните во народноослоботителната војна се снимија и доста филмови за познатите илинденци и илинденското востание и тоа со помош на тогашната ЈНА која учествуваше во масовни сцени. | За овие 25 години се снимија неколку филмови кои ги паметиме ,но ниеден спектакл како од постарите кои се снимаа за Илинденците. Како тоа, нели комуњарите биле против македонскиот идентитет ,а снимале филмови за илинденци... сега дедо ме збуни... |
| Дали луѓето одеа на театар? | Да масовно се посетуваа.Постоеја квалитетни актери меѓународно признати. | Мислам дека не се посетуваат доволно бидејќи публиката не верува многу во домашните актери,а претставите се чудни и неразбирливи.Не се гледа квалитет,туку партиска припадност. |
| Дали се градеа споменици? | Се градеа паметници за паднатите борци за слобода и масовно на улица се славеше денот на победата над фашизмот и денот на републиката. | Се градат масовно споменици за личности кои не сме ги сретнале во историјата како наши позитивни ликови и тоа во огромни зданија став да те фати, а празниците проформа се одбележуваат. Доброволно никој не излегува на улица. |
| Дали се снимаа забавни емисии, се правеа ли концерти, имаше ли квалитетни песни за слушање? | Да, секогаш имаше едукативни и забавни емисии за најмалите, се појавија многу квалитетни пејачи, а нивните песни и денеска се евергрин. | Освен неколку музички детски емисии не сум приметил некоја едукативна емисија од типот на Бушава азбука. Песните се штанцаат ,но траат по неколку месеци и после никој не ги памети. |
| Постоеја ли емисии за хумор ,се исмеваше ли општеството и политичарите? | Да ,смеење колку сакаш,вицови, актери мајстори за комедија.. и на радио и на телевизија. | Хм,последно нешто добро што паметам беше К-15, но одамна ги нема, ги гледам старите емисии на you tube, а постојат и некои дечки од stand up comedy, но претставите се по локални кафичи каде може да се соберат максимум 100 луѓе. |
| Каков беше здравствениот систем,дали беше бесплатен,имаше ли квалитетни лекари? | Одличен, се беше бесплатно се изгради Воена болница и Клинички центар каде беа покриени сите сфери во здравствениот систем а лекарите беа ценети и на висина на својата задача. | Тешко прашање,ниту лекарите се ценат,ниту пациентите се задовлни,незнам што е проблемот. |
| Дали имаше луѓе кои одат по станови и куќи и собираат пари за нивното дете кое треба да замине на скапа операција во странство? | Не се секавам на такво нешто,се се лекуваше во државните болници, а ако имаше потреба за странство одеа на државен трошок. | Секоја недела по некој ќе помине да побара пари за лекување , почнаа да се организираат хуманитарни концерти,апели за донации преку телевизија ,радио,социјалните мрежи... |
| Дали тогаш мораше да се земе кредит за да се купи гробно место и да се погребе блискиот? | Не, тоа беше минимален трошок или го немаше воопшто. Секоја родена душа на овој свет дошла слободно и слободно треба да си оди без да ги оптеретува блиските. | Аа, без 3-4000 евра неможе да направиш пристоен погреб,треба да купиш место, сандак, и трошоци за одржување на местото... |
| Дали и тогаш имаше толкаво загадување во воздухот како сега? | Можеби имало на одредени места но тоа не се приметуваше како сега,да неможеш по улица да одиш и лесно да дишеш.Се водеше сметка за урбанизација на просторот,се знаеше што може а што неможе да се гради и каде е заштитена зелена површина. | Ха ха, каква урбанизација, каква заштитна зона, сега да може и на кров на зграда ќе насадат уште една врз нејзе... се е за пари се гради без усул... Скопје стана бетонска џунгла во вистинска смисла на зборот, уште малце па децата ќе ги носиме некаде на планина да ги запознаеме како изгледаат дрвата ,како што ги носиме во золошка да видат што е коњ и крава. |
| Садевте ли дрва тогаш за да ги пошумите празните брда? | Да одевме на доброволни акции за пошумување и сите садевме дрвца... голем дел од денешните шуми се наша заслуга... | Хехе ,денес тоа што сте го посадиле ,безмилосно се сече. Уште малце ќе почнеме и дрва да увезуваме... |
| Имаше ли спортски клубови, натпревари, имаше ли публика на терените, имаше ли меѓународни победи? | Спортот беше застапен уште од најрана возраст, сите мораа да вежбаат, се раѓаа најразлични спортски клубови , се редеа генерации успешни спортисти ,бевме светски шампиони во повеќе спортови.Постоеше многу јака лига во секоја дисциплина,имаше голема конкуренција и многу квалитетни спортисти.Државата ги покриваше сите трошоци. Публиката масовно ги посетување спортските арени. | Освен неколку клуба и неколку индивидуални спортисти ,за спорт и да не се говори кај нас.Сите се експерти пред телевизор и пред спортска кладилница, се помалце луѓе вежбаат , било од мрза или од немање пари да си плати чланарина. Ако има некој атрактивен гостин од странство два или три пати годишно се полни салата,ако не само по неколку стотина лојални навивачи се присутни кои после натпреварот обавезно се тепаат,како да е во прашање меч за олимписко злато. |
Слично
