Кипарските власти одлучија да започнат кривична истрага за економската криза
Кипарските власти одлучија дека ќе започнат кривична истрага за почетокот на економската криза која го принуди Кипар да побара меѓународна помош за извлекување и преструктуирање на банкарскиот сектор.
Оваа акција следи откако истражниот комитет одлучи да не се поведе истрага за прашање кое треба да се реши во судот.
Истражниот комитет беше назначен пред три месеци со цел наоѓање на причините одговорни за почетокот на економската криза.
Кипарската Влада поради тие причини, имаше синоќа состанок и договори паралелно продолжување на јавната и кривична постапка
Кривичната постапка се фокусира на периодот од 2006 година до 2013 година против поединци кои се потенцијално одговорни за економската криза.
Како дел од овој процес ќе се истражуваат пренос на средства од Кипарската Лаики банка воГрција, отпишување на кредити, неетичка продажбата на банкарските обврзници и купување на ризични грчки хартии од вредност од страна на Лаики и Централната банкана Кипар.
