Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипарска фирма сака да го преземе „Макпетрол“?

Кипарска фирма сака да го преземе „Макпетрол“?

Офшор-фирма регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар, пред 20 дена, денеска објави оглас за преземање на акциите на „Макпетрол“ по цена за дури 30% поголема од вчерашната цена на акцијата на оваа компанија на македонската берза, објави мкд.мк. 

Во „Утрински весник“ денеска се објави следниов оглас: „Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Макпетрол АД Скопје дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво Макпетрол АД по цена од 25.908 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“.

Потпишани на оваа понуда, која била испратена и во архивата на „Макпетрол“, се директорот Васили Евдокимов и ополномоштено лице Петар Стојановски.

Денешната цена на акцијата на „Макпетрол“ беше 19.774 денари. Понудената цена е 25.908 денари. Вкупниот број на акциите е 112.382, а книговодствената вредност на една акција е 30.250 денари. Според понудената цена од 25.908 денари, тоа значи дека „Балкан петролеум“ треба да обезбеди гаранција од околу 47 милиони евра.

В сабота е закажано собрание на акционери на „Макпетрол“.

Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје на денешната седница го разгледа дописот за „намера за преземање" и констатира дека по истиот не може да постапува затоа што не е доставено полномошно за поднесителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за преземање согласно Законот за преземање на акционерските друштва, соопшти „Макпетрол".

Во соопштението се вели дека „Макпетрол“ досега никогаш немал контакти со лицето кое, со некомлетна документација, има пројавено „намера за превземање“.

Слично

Поврзани вести