Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар во духот на Лас Вегас – со казина ќе ја заживува економијата

Кипар во духот на Лас Вегас – со казина ќе ја заживува економијата
Cо отварање на казина, презадолжениот Кипар, ќе привлекува туристи и странски инвеститори. Ваква одлука донесоа кипарските власти, кои се надеваат дека со овој потег ќе ја засилат економијата на земјата. Дозволата за работа на казината беше една од предизборните ветувања на кампањата на десничарите кои победија на изборите во февруари оваа година. Од април, актуелниот кипарски претседател Никос Анастасијадес, се залага за таа идеја со цел земјата економски да заживее. „На економијата тоа и е потребно“ - се наведува во соопштението на владата на Кипар кој едвај го избегна банкротот во март. Работата на казината е дозволена во северниот дел на островот.
Слично

Поврзани вести