Кипар нема да продава од златните резерви
Кипарската Централна банка ги отфрли тврдењата дека планира да продаде дел од резервите во злато на земјата, со цел да се плати дел од државниот долг, пишува весникот „Фајненшл мирор“, кој се повикува на претставници на Банката. Повеќе од 800 милиони евра се резервите во злато со кои моментално располага Кипар. Во пресрет на консултациите меѓу кипарската Влада и „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) во кипарските медиуми се појавија информации за плановите на властите да продадат дел од златните резерви, со цел да платат дел од долгот до крајот на годината, доколку во неопходните рокови не биде потпишана спогодба со кредиторите за отпуштање на финансиска помош.
Слично
