Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар ја укинува забраната за трансфер на пари од банките

Кипар ја укинува забраната за трансфер на пари од банките
До крајот на годината Гувернерот на централната банка на Кипар, Паникос Деметријадис, очекува ограничувањата на трансферот и подигнувањето на пари од банките во земјата да бидат укинати. -Можеби не сите, но ограничувањата на движењето на капиталот на Кипар веројатно ќе бидат укинати во наредните неколку недели“, изјави Деметријадис, пренесува агенцијата АП. Според него , укинувањето на сите ограничувања ќе зависи од целосното враќање на довербата во банкарскиот систем на земјата, како и од владиниот напредок во спроведувањето на реформите наметнати во рамките на меѓународната програма за помош. Ограничувањата се воведени со цел да се спречи одливот на капитал од банките, откако Кипар во март минатата година доби пакет помош од меѓународните кредитори.
Слично

Поврзани вести