Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кипар ја укина контролата на капиталот

Кипар ја укина контролата на капиталот
Сите ограничувања на трансферите на пари Кипар вчера официјално ги укина, една година откако воведе драконски мерки наменети за спречување на одливот на капитал од банките. „Отворањето на нови банкарски сметки, како една од последните контроли на капиталот, сега е дозволена“, соопштија вчера од кипарското Министерство за финансии. Иако сеуште не е дозволено префрлување на пари во странство, сепак според зборовите на кипарските власти се очекува и таа  забрана би требало да биде укината до крајот на оваа година. Укинувањето на забраните доаѓа 14 месеци откако Кипар доби финансиска помош од десет милијарди евра од другите членки на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд
Слично

Поврзани вести