Кипар: Амнестија за оние кои до крајот на година ќе ги вратат парите изнесени од островот
Владата на Кипар одлучи да ги ослободи од данок на приход оние кои до крајот на годината ќе ги вратат средствата кои ги изнеле од островот, јавуваат кипарските медиуми.
Голем дел од депозитите, во евра, од островот биле изнесени во периодот до 15 март, кога Еврогрупата, ја објави одлуката, депозитите во кипарските банки да се оданочат со еднократен данок.
Ова беше поставено како услов за отпуштање на спасувачки заем за Кипар.
Вкупната сума на изнесени депозити се проценува на околу 700 милиони евра.
Слично
