Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинсела: Може да има несогласувања за минатото, но мо­ра да се сме обединети за иднината

Кинсела: Може да има несогласувања за минатото, но мо­ра да се сме обединети за иднината
Пратениците треба да се обединат околу заедничката иднина и да не се занимаваат со минатото, повика денеска од говорницата во македонскиот парламент претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела, кој допатува во посета на Македонија на покана на првиот парламентарец Трајко Вељаноски. „Може да има несогласувања за минатото, но мо­ра да се сме обединети за заедничката иднина", истакна канадскиот сенатор кој посочи дека Канада е силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО како предуслов за регионалната стабилност. Тој исто така нагласи дека парламентарната демократија игра голема улога во јакнењето на блис­кос­та и пријателството меѓу двете земји, а мултикултурализмот е заедничка осо­би­на за двете држави. „Канада им е благодарна и на сите генерации Македонци што дошле таму и помогнале таа да се изгради во земја каква што е денес“, додаде Кинсела. За време на средбата со Вељановски, канадскиот сенатор изразил задоволство од соработката со македонските колеги. Доцна попладнево тој се сретна и со премиерот Никола Груевски. Како што беше соопштено, на оваа средба се разговарало за можностите за продлабочување на економските односи, зголемувањето на економската соработка и трговската размена и соработката на полето на инвестициите.
Слично

Поврзани вести