Кинезите заинтересирани за пристаништето Шенѓин
Делегација на кинеското Министертво за трговија, задолжена за Европа, го посетила пристаништето Шенѓин за да се запознае со можностите за конкретни инвестиции.
Посетата доаѓа по најавата на албанската Влада за давање под концесија на пристаништето.
Кинеската делегација се сретнала и со директорот на пристаништето, Ѓовалин Туша, со кого разговарале околу проектот Еуропорт „Орлицата на Јадранот“ и неговата реализација.
Проектот се предвидува да се изгради еден километар од пристаништето, со капацитет од 60 милиони тони стока и прикотвување на бродови до 500 илјади тони.
Заедно со делегацијата била Брунилда Паскали албански заменик-министер за економија која изјавила дека целта на албанската Влада е привлекување странски инвестиции, зашто нуди и поволни услови.
Претходната влада на премиерот Сали Бериша во неколку наврати ова пристаниште ветуваше да го остапи на Косово.
