Кинезите влегуваат во Албанија, ја купуваат нафтената компанија „Албпетрол“?
Владата во Албанија преговара со кинеска компанија за продажба на нафтената компанија Албпетрол. Инаку новите преговорите се водат меѓу претставници од албанското Министерство за економија и кинеската компанија Вин Бизнис бидејќи претходно пропадна договорот со конзорциумот Ветро Енерџи кои понудија „астрономска“ сума од 850 милиони евра.
Сега кинеската компанија предложила 297,6 милиони евра и уште 250 милиони евра за инвестиции.
Овој конзорциум е на трето место меѓу најголемите увозници на нафта и природен гас во Кина, пишува Форбс.
Слично
