Кинезите со 11 милијарди ќе направат туристички бум на Сибир и Бајкалското езеро
Кинескиот конзорциум Chungjingxin ќе вложи неверојатни 11 милијарди долари за целосно реновирање и изградба на нови сместувачки капацитети кои Бајкалското езеро, најдлабокото на светот, ќе го претворат во нова елитна дестинација.

„Ние планираме да изградиме не само најмодерни туристички атракции, туку и придружни елементи за развој како што се соодветен превоз и инфраструктура и за најодалечените краеви на Бајкалското езеро со што ќе привлечеме огромен број на туристи, посочија од Гранд Бајкал.

Договорот е склучен со рускиот тур оператор Гранд Бајкал, за креирање на патувачки атракции, транспорт и логистичка инфраструктура. Меморандумот за соработка го поддржа и Сергеј Левченко, гувернер на Сибирскиот регион Иркуцк.
