Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите се жалат на визите во земјава, македонските власти им понудија евтини работници

Кинезите се жалат на визите во земјава, македонските власти им понудија евтини работници
Кинезите велат дека визниот режим ги одвраќа кинеските бизнисмени од Македонија. Македонските власти пак им нудат најевтина работна сила на Кинезите. Според амбасадорот на Кина0 во земјава ,  Цуј Џивеи, треба да се олесни режимот за добивање визи, за да се зајакнат бизнис релациите.  За министерот за надворешни работи, Никола Попоски,  Македонија ги следи шенгенските правила за визен режим, а билатералните односи не биле никогаш поинтензивни и поцврсти. Кинескиот амбасадор побара олеснување на визниот режим за кинеските бизнисмени. „Многу кинески компани се жалат дека мора да чекаат многу време за виза за Македонија. И постои компаративно висок процент на одбивања за патници од Кина. Се чини дека е потешко да добијат македонска отколку шенген виза“, забележа амбасадорот. Попоски на ова врати дека Македонија има визна либерализација, но мора да ги почитува правилата од Шенген зоната. „ Можеме до максимум да го олесниме процесуирањето и постапката бидејќи во интерес ни е доаѓањето на кинески бизнисмени, но во рамки на правилата на Шенген зоната“, изјави Попоски кој смета дека може да се извезува вино и тутун во Кина, а потенцијали ма во секторот на туризмот, градежништвото, инфраструктурата, енергетиката, медицината, земјоделството, образованието. Според Џери Наумов, минстер за привлекување на странски инвестиции, Владата создала услови за влез на свеж капитал и ја посочи евтината работна сила како една од главнитепредности на македонската економија во однос на останатите европски земји. Платите во Македонија се речиси на исто ниво како во Кина, вели Наумоф. „Во Македонија има најниски плати во Европа. Исто така Македонија има најниски цени на градежништвото во регионот. Владата планира отворање слободни економски зони специјално наменети за кинески компании, во кои ќе има огромни олеснувања,“ истакна Наумоф. На дебатата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика за „Економската стратегија на Кина кон земјите на Централна и Источна Европа “ беше посочено дека Кина е една од земјите со кои се остварува најголема трговска размена која лани надминала половина милијарда долари. Македонија и Кина оваа година прославуваат 20 години од воспоставувањето дипломатски односи. Македонија со Кина во размената книжи трговски дефицит. Земјава само со 3 до 4 производи е присутна на кинескиот пазар, додека над 400 производи се увезуваат од Кина во Македонија.
Слично

Поврзани вести