Кинезите сакаат да ја купат една од најуспешните германски фирми
Неколку кинески компании сакаат да ја купат една од најуспешните германски индустриски фирми - минхенскиот концерн за производство на електрични светилки Osram.
Ова го објави водечкото бизнис издание „Ханделсблат", повикувајќи се на извори во индустриските и владини кругови во Федералната република. Германскиот концерн „Сименс", кој во моментов поседува 17,5% од поранешна подружница Osram, може да го продаде својот пакет акции и на тој начин да го отвори патот за нејзина апсорпција од кинеските инвеститори. Од Министерството за економија велат дека можното учество на кинески компании во Osram за моментов не е тема за федералната влада. Но од таму истакнаа дека Берлин внимателно го следи процесот, иако конкретни планови за тоа Кинезите засега немаат.
