Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите ќе вложат 200 милиони евра во српска железница

Кинезите ќе вложат 200 милиони евра во српска железница
Cрпската железница и и кинеската компанија Хуавеј денеска потпишаа договор за комплетна модернизација  на телекомуникациите на српската железница, а вкупната вредност на предвидената инвестиција е околу 200 милиони евра, пренесуваат српските медиуми. Генералниот директор на Железница, Драгољуб Cимоновиќ, посочи дека, набрзо по потпишувањето на договорот, ќе се потпише и комерцијален договор со кинескиот партенр за вложување на 78 милиони евра до 2018 година, за изградба на оптичка инфраструктура на железничкиот Коридор 10, Коридорот 11 и Белградскиот железнички чвор. Директорот на рпска железница го потпиша договорот со директорот на Хуавеј за Cрбија, Џек Веј, во присуство на потпретседателот на Хуавеј за централна, источна Европа и нордијските земји.   Фото Курир-инфо.рс  
Слично

Поврзани вести