Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинезите како „луди“ купуваат земја во Америка

Кинезите како „луди“ купуваат земја во Америка

Кинеските богаташи имаат нова стратегија за проширување во САД со тоа што масовно купуваат земја, имоти и недвижнини притоа инвестирајќи околу 31,7 милијарди долари. 

Според националната асоцијација на агенции за недвижности Кинезите четврта година по ред се најголеми странски инвеститори во САД со тоа што 2016-та била рекордна досега. Омилена сојузна држава во која Кинезите најмногу сакаат да купуваат имоти и недвижнини е Калифорнија. 

Меѓу најактивните странски купувачи на имоти во САД се и Канаѓаните кои купуваат во Флорида, а тоа се должи на огромниот раст на цените на становите во градови како Торонто и Монтреал. 

САД се смета како земја со најголема стабилност и без оглед на глобалните предизвици и неизвесноста на економскиот раст странците сакаат да купат земја бидејќи гледаат бенефити на подолг рок. 

Слично

Поврзани вести