Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНЕЗИТЕ ИМ ДОЈДОА САМИ: Без субвенции отворија фабрика

КИНЕЗИТЕ ИМ ДОЈДОА САМИ: Без субвенции отворија фабрика

Кинески бизнисмени денеска во градот Јагодина во Србија отвораат фабрика за влечки, во која ќе работат 20 луѓе за почеток, а за 6 месеци уште толку. 

Тие не барале субвенции ниту од државата ниту од градот, а ветиле дека ќе се потрудат да донесат уште инвеститори од Кина. 

Градоначалникот Драган Марковиќ Палма вели дека секое работно место е важно затоа што од даноци се полни буџетот. 

Од индустријата за кабли преку социјална програма си заминаа 3.000 работници. 

Кинезите отвораат фабрика на 1000 квадрати површина. Во градот 4 компании од Италија вработуваат над 1000 работници. Сепак и компании од Русија и Германија градат фабрики во Јагодина. 

Слично

Поврзани вести