Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kинези, Руси, Италијанци, Турци, дојдоа како гастербајтери во регионот

Kинези, Руси, Италијанци, Турци, дојдоа како гастербајтери во регионот

Во регионот доаѓаат работници од Филипини, Индија, Бангладеш, Пакистан, Египет, Јордан, Украина и други земји, пишуваат српските медиуми. 

Во балканските земји се појавуваат „дупки“ во работната сила. Фалат луѓе за градежништво, бродоградба, туризам и угостителство. 

Засега Словенија и Хрватска највеќе увезуваат работна сила ако се гледа по бројот на огласи, но наскоро ќе ги стигне и Србија. 

Србија засега има 9.000 странски работници. 

Тоа е за 1.000 работници повеќе од една година претходно. 

Србија лани имала работници од Македонија, Русија, Турција, Италија и Грција.  Но, имало и од Црна Гора, БиХ, и Словенија. 

Слично

Поврзани вести