Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинези ќе го градат пловниот канал Белград-Скопје-Солун?!

Кинези ќе го градат пловниот канал Белград-Скопје-Солун?!

Изградбата на пловниот канал Морава-Вардар повторно се актуелизира. На оваа тема деновиве разговараа српскиот претседател Томислав Николиќ со делегација на кинеската компанија "Bonn Project" и со претставниците на институтот " China Design Group". Кинеските партнери се сериозно заинтересирани за инфраструктурни проекти во Србија и регионот, бидејќи каналот Морава - Вардар како мега проект ќе обезбеди живот за многу генерации, пишува Вечер.

Како што пренесе Танјуг, Николиќ укажал дека проектот Морава - Вардар многу би помогнал во подигнувањето на степенот на заштита на Србија од поплави и други елементарни непогоди. Агенцијата исто така пренесува дека кинеската делегација за каналот разговарала и со македонските парнери.

Идејата за овој проект се возобнови пред три години кога кинеските експерти започнаа да анализираат и потврдија дека пловниот канал Белград-Скопје-Солун е исплатлив. Според тогашните прелиминарните резултати на кинеските експерти студијата пловниот канал Дунав-Морава-Вардар, покажала дека каналот ќе биде економски исплатлив.

Според нив изградбата на овој мега проект на векот би чинела околу 17 милијарди долари. Каналот е предвидено да се протега на површина од 10.500 квадратни километри, а за неговата реализација ќе бидат потребни повеќе од десетина години. Пловниот канал треба да ги спои Дунав, Морава и Вардар, а по него ќе треба да пловат бродови, ќе се реши наводнувањето на земјоделските површини, а ќе има и енергетски објекти за производство на струја.

Пловниот канал предвидено е да има излез на Егејското Море преку македонска територија и реката Вардар, а целиот проект, според досегашните најави, ќе биде од големо значење, како системите Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла или Сена-Рона. Проектот треба да биде мултифункционален и освен пловидбен систем на патници и стока ќе опфаќа и изградба на пет до седум хидроцентрали, ќе обезбеди заштита од поплави и ерозија, ќе овозможи наводнување на земјоделско земјиште и квалитетно водоснабдување на населението, како и развој на туризмот и наутиката.

Миодраг Јосиќ, кој беше државен секретар на Министерството за градежништво и урбанизам на Србија, укажа дека овој пловен канал целосно ќе го сени ликот на Србија, но и економската, политичката и геостратегиската положба на регионот.

Дел од македонските експерти сметаат дека оваа идеја која е стара повеќе од сто години во денешно време не е така исплатлива, бидејќи во услови кога сообраќајот е толку многу напреднат и развиен тешко дека некој ќе сака да користи поморски. Експертите и државните институции во Македонија со позитивен став Македонската Влада има позитивен приод кон идејата за реализација на овој проект кој е инициран од страна на Србија. Александар Георѓиев, портпарол во Владата на РМ, веќе укажа дека Македонија секогаш е подготвена да ги отвори вратите за регионалните проекти, особено кога тие носат еконмски бенефит за земјава и нејзиниот севкупен развој.

И доскорешниот премиер Никола Груевски при една од средбите со неговиот српски колега Ивица Дачиќ кажа дека проектот содржи голем економски потенцијал, но најпрво треба да се утврди неговата исплатливост. За Груевски овој стратешки проект може да има голем придонес за целокупниот развој на македонската економијата. За универзитетскиот професор Вулнет Палоши, кој е и градежник по струка, каналот кој би поминувал низ земјава треба да ни носи, пред се, добивка од транзитниот сообраќај. Според него, реално ние не може да финансира толку голем проект, но ако некој друг инвестира и го изгради секако дека ќе имаме добар ќар. Има и м#1072;кедонски стручњаци од оваа свера кои што предупредуваат дека ако се направат неколку хидроцентрали, како што и предвидува проектот, тогаш можно е да дојде до потопување на дел од патната и железничката инфраструктура. Тогаш ќе требаат дополнителни 150 до 200 милиони евра за преместување на железничката пруга и дел од автопатот Скопје - Велес. Некои проекти никогаш не застаруваат Ќе стане ли Македонија дел од мега проектот стар 100 години за изградба на пловен канал од Белград преку Скопје до Солун.

Додека течат сите овие активности од страна на кинеските инвеститори за потсетување Министерството за економија на РМ е задолжено за проектот "Вардарска долина". Од ресорното министерств86; сметаат дека проектот "Вардарска долина" е комплексен проект и се однесува на технички, водостопански, еколошки, енергетски и економски аспекти во рамките на глобалниот водостопански систем за управување со водите од сливот на реката Вардар. Пред неколку години македонската Влада потпиша Меморандум за разбирање за проектот "Вардарска долина " со Кинеската меѓународна корпорација за води и електрична енергија (КВЕ), која во земјава е позната, бидејќи таа ја градеше ХЕЦ "Козјак", која во 2004 година беше пуштена во употреба. Дел од договорот е и Кинеската банка за развој (КРБ), а тие заедно се обврзаа за 12 до 18 месеци да подготват студија за оправданост.

Слично

Поврзани вести