Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинеските кредити, цунами или процут за македонската економија?

Кинеските кредити, цунами или процут за македонската економија?

Официјален Пекинг го чека Скопје да стави параф на Договорите за кредитен заем, со кој ќе се градат двата автопати, на исток Миладиновци –Штип, на запад Кичево-Охрид. По средбата на престседателот Ѓоѓе Иванов со претседателот на кинеската компанија “Sinohydro Corporation LTD“, која е главниот носител на градежните работи, од Кина стаса веста дека тие се подготвени да го стартуваат проектот. За овој мега-инфраструктурен зафат Македонија ќе се задолжи со скоро 800 милиони долари. Парите ќе ги враќа до 2033 та година. Тимови од кинески градежни компании дојдоа во Македонија, како претходница на кинески работници и градежна оператива!

Македонија – прва земја од ЦЕИ што зграпчи од кинескиот колач вреден 10 милијарди долари!

Договорот за кредитно задолжување на Македонија кај кинсеската Ексим банка стаса пред претениците. Ова задолжување од 700 милиони евра за изградба на двата автопати е едно од најголемите досега. Кредитот со камата од 2%, се смета за поволен и исплатлив. Зад кредитот, како ново задолжување, стои Јавното претпријатие за државни патишта.

Освен камата од 2%, Македонија на Кина треба да и исплати скоро 2 милиони долари на име еднократна провизија. Допнително, според она што е договорено, земјава треба да плаќа и провизија од 0,25% за неискористениот дел од парите. Еднократната провизија ќе мора да се плати во рок од еден месец од Ратификацијата на Договорот за заем. Рокот на отплата за  кредитот е вккупно 20 години, од кои 5 години грејс период и уште 15 години за целиот заем. Според банкарската практика, во овој грејс период вообичено должникот ја плаќа само каматат. Во случајов, Македонија ќе треба да исплати близу 80 милиони долари по овој основ, по што ќе започне и исплатата на ратите.

Економистите оценуваат дека, вака анализираните кредитни позиции се поволни, но сметаат дека “евтините“ кредити најчесто содржат дополнителни влијанија, кои главно се однесуваат на давање на тендерска предност, набавки и други форми на исплатливи бизниси.

Претседателот на Македонија Иванов во Кина се сретна претставниците на градежната компанија која веќе е избрана за главен изведувач на инфраструктурните зафати на двата македонски автопати.  Му било соопштено дека процедурата за кредитот од кинеска страна е завршена и се чека на одобрување од македонскиот парламент по што би почнала реализацијата на вкупниот проект. Според шефот на државата, најважно е што Македонија е прва земја од земјите на ЦЕИ што ќе потпише конкретен договор од проектот на Кина за инфраструктурни инвестиции, вреден 10 милијарди долари.

Даночни ослободувања за кинескиот изведувач!

Договорот за кредит со Кина ќе донесе и нови обврски за Македонија. Освен главниот градежен изведувач, договорот овозможува ангажман и на други кинески фирми, кинески работници и купување на кинески стоки, услуги и технологии.

Во еден од членовите на Договорот пишува:

“Стоките, технологиите и услугите кои ќе се набавуваат користејќи средства од кредитот, се претпочита да се набавуваат од Кина, согласно одредбите на Комерцијалниот договор.“

Кинескиот изведувач пак е должен да ангажира подизведувачи со седиште во Република Македонија чија вредноста на работите  треба да изнесува најмалку 49% од вкупната цена на договорите. Истото се однесува и на набавката на стоки и услуги од домашно производство. Од вкупниот број на ангажирани работници, 51% треба да бидат македонски државјани.

На ваков начин, Кина обезбеди терен за ангажман на своја работна сила ( 49%) и  купување на кинески стоки, услуги и технологии ( 51% ).

За кинескиот изведувач и даночни ослободувања :

“Прометот на добра и услуги кој е извршен од страна на изведувачот на градежните работи,  кон Јавното претпријатие за државни патишта, за цели на изградба на патните делници, е ослободен од данок на додадена вредност“ – се посочува во Договорот.

Ослободувања ќе има и за акциза:

“Доколку изведувачот од член 11 од овој закон,  изврши набавката на патнички автомобили или минерални масла, за цели на изградба на патните делници , на барање на изведувачот ќе му се изврши враќање на акцизата,  доколку е платена фактурата.

Кинеската компанија ќе биде ослободена од плаќање на увозни давачки, ДДВ и акциза за стоки, услуги и добра наменети за изградба на патничките делници.

Дополнително, по кредитното задолжување, Македонија се обврзува да дава целосна отчетност за сработеното, па така во еден дел од Договорот пишува :

“Заемопримачот ( Македонија), на полугодишна основа, ќе му поднесува на Заемодавачот ( Кина)  во текот на перодот на доспевање извештаи за напредокот и статусот на работите на Проектот и за искористувањето на исплатените средства од кредитот. “

Кинескиот изведувач на градежните работи пак е должен ској месец да доставува и презентира извештаи до Јавното претпријатие за државни патишта за текот на градежиот зафат.

Непочитување на договореното може да повлече и раскинување на договорот. Доколку Македонија е таа што не го почитува договорот, Кина може да го раскине само со писмено известување на адреса на Македонија, без притоа да биде обврзана,  како што пишува во договоорт “ да праќа понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид“.

Токму Член 7 од Договорот со Кина, се однесува на санкциите во случај да не биде испочитувано она што е договорено.

“Во случај на измени на закони или владини политики во државата било на Заемопримачот или на Заемодавачот, кои би ги оневозможиле било Заемопримачот или Заемодавачот да ги исполнат своите обврски по Договорот, Заемодавачот ( Кина)  може, со писмено известување до Заемопримачот, да ја прекине исплатата на кредитот, и да ги прогласи целосната главница и пресметаната камата и сите други износи за плаќање според Договорот  за достасани за плаќање веднаш од страна на Заемопримачот, без понатамошни барања, известувања или други законски формалности од било кој вид.  “ – пишува во Договорот.

Автопатот Скопје-Штип ќе биде во должина од 53 километри а длницата Кичево-Охрид во должина од 56,7 килиометри.

Кинески фими заинтересирани за Слободните економски зони

Освен со кинеската градежна компанија што ќе биде главниот изведувач на двата македонски автопати, во Пекинг претседателот Иванов се сретна и со претставници на други моќни кинески корпорации. Кинеските бизнисмени покажале интерес за инвестирање во земјава, особено во Слободните економски Зони. Преставниците од “Sesai Jialijia Petro Chemical Equipment  покажаеле интерес во Македонија да го пренесат производството на пумпи за бензиски и електронски автоделови.

“Ние на Македонија не гледаме како на пазар од 2 милиона луѓе туку како на порта до пазар од 600 милиона луѓе во Европа. Билатералните договори кои ги имате потпишано со другите европски пазари, како и ЦЕФТА спогодбата нам ни се доволен показател за иднината на тој пазар, изјави финансиерот Фред Чанг од Алистер Адвајзори, банка која ги поддржува кинеските бизниси во странство.

На средбата со претседателот на “China State construction“ , која е петта по големина компанија во Кина, најголема градежна компанија и 80 по ред во светот, Гуан Kинг му соопштил на Иванов дека  компанијата е вклучена во проектот 10 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти во земјите од ЈИЕ и нејзина стратегија е натамошен развој.

Специјален тим на оваа компанијата веке е во Македонија и ги разгледувал проектите од инфраструктурата, патишта, јавни проекти, и на локалните единици.

Денеска, шефот на Македонија ќе се сретне со неговиот кинески колега Си Џинпинг.

А.Д.

Слично

Поврзани вести