КИНЕСКИОТ НАФТЕН ГИГАНТ ЈА НАПУШТА АМЕРИКА? Допонително заострување на врските меѓу истокот и западот
Кинескиот државен
нафтен и гасен гигант China Offshore Oil Corporation (CNOOC) наводно се
подготвува да ги напушти САД, Обединетото Кралство и Канада поради зголемената
загриженост за санкциите, регулативите и зголемените трошоци, пишува Reuters.
Односите меѓу Кина и западните земји се влошија во последниве години. Врските на Пекинг со Вашингтон се прекинати откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп започна голема трговска војна против Кина, воведувајќи високи увозни царини за широк спектар на кинески стоки. Тензиите неодамна ескалираа бидејќи Кина одби да ја осуди руската воена операција во Украина.
Најголемиот кинески офшор производител на нафта и гас, CNOOC, се обидува да го напушти Западот со продажба на „маргинални и тешко управувани“ средства во трите земји, посочува Ројтерс, цитирајќи неименувани индустриски извори.
Соговорниците на британската агенција, кои побараа да останат анонимни поради чувствителноста на темата, рекоа дека на највисокото раководство на компанијата му е се потешко да управува со имотот во западните земји поради регулативите и високите оперативни трошоци.
CNOOC, кој влезе на пазарот на овие три земји со купувањето на канадската енергетска компанија Некен во 2013 година за 15 милијарди долари, беше отстранет од Њујоршката берза откако беше покрената кампањата на Трамп против Кина. Пред тоа, компанијата две децении беше котирана на Волстрит. Администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден пред околу една година ја отстрани оваа корпорација од својата „црна листа“.
Кинескиот енергетски гигант поседува имоти на копно во Соединетите Држави во нафтените басени Игл Форд и Ниобрара, а исто така има удел во морските нафтени полиња Стампед и Апоматок во Мексиканскиот Залив.
Во Британија, компанијата работи на три локации во североисточниот дел на Шкотска, а исто така поседува и поле со нафтен песок и гас во Канада.
„Средствата како оние во длабоките води на Мексиканскиот Залив се технолошки предизвикувачки и CNOOC навистина мораше да работи со партнери за да ја преземе контролата врз бизнисот, но на директорите на компанијата не им беше дозволено ниту да ги посетат канцелариите во САД“, рече висок менаџер на индустријата, пренесуваа Reuters.
Тој додава дека тоа било болно за компанијата сите овие години, а ставањето на CNOOC на црната листа на администрацијата на Трамп ја влошило ситуацијата.
Покрај тоа, најновите санкции наметнати од Соединетите Американски Држави кон Русија би можеле да влијаат на имотот на CNOOC, велат извори на Ројтерс. Корпорацијата, која се подготвува да излезе на берзата во Шангај во април, наводно планира да купи имот во Латинска Америка и Африка.
Според деловните извештаи, CNOOC произведува околу 1,57 милиони барели еквивалент на нафта дневно во 2021 година, од кои 62.000 барели на локации во Канада и 80.000 на локации во други делови на Северна Америка. Вкупно, неговото производство во САД, Велика Британија и Канада изнесува речиси 220.000 барели еквивалент на нафта дневно, според проценките на Ројтерс.
ФОТО: EPA