Кинески хороскоп – што ви носи годината на мајмунот
Кинеската нова година започна денеска и ќе трае до 27-ми јануари 2017. Луѓето родени во годината на Мајмунот се паметни, љубопитни, немири и иновативни. Се верува дека годината е една од најнесреќните во кинескиот календар.
Според предвидувањата, во 2016-та глобалната економија ќе биде во лоша состојба и многу компании ќе банкротираат. Од друга страна годината е добра за разрешување на семејните и љубовните проблеми.
Стаорец – година на раѓање (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Сега е вистинското време да го завршите она што сте го почнале во претходните години. Во текот на годината на мајмунот, ќе ја разгорите страста и ќе остварите добри деловни контакти. Трудот што го вложувавте во изминатите години на крајот ќе ви го донесе она што долго време го посакувате. Тврдоглавоста на колегите може да ви направи проблеми, но ништо посериозно. Од финансиска гледна точна сè ќе функционира како што треба и ова е најдобриот период да ги вратите старите долгови. Ќе имате помалку енергија од претходно, па се препорачува да започнете да се занимавте со некоја друга физичка активност.
Бивол – година на раѓање (1925, 1937, 1949, 1973, 1985, 1997, 2009)
Оние кои се во брак може да имаат проблеми со партнерот на почетокот на годината, додека оние кои сакаат да ја официјализираат својата врска, подобро да ја почекаат следната година за тоа. Во почетокот на година се забележува и подем во кариерата што ќе биде особено нагласен во првите 4 месеци. Здравјето е добро, но не претерувајте со вежбањето. Последните месеци носат компликации на финансиско поле, затоа внимавајте во што ги инвестирате парите.
Тигар – година на раѓање (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Вашиот карактер ќе помине низ радикални промени. Сè што сте планирале во 2015 ќе се оствари, а вие ќе вложите дополнителен напор за да станете подобра личност. Брачните двојки, годинава може да очекуваат принова. Кариерата носи нови предизвици и можности. Ќе ги инвестирате парите во реновирање и ќе планирате нови патувања. Што се однесува до семејството и пријателите односите ќе бидат хармонични. На вас преостанува само да решите што е она што го сакате од животот и кон што целите.
Слично
