Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинески бизнисмени заинтересирани за македонски земјоделски производи

Кинески бизнисмени заинтересирани за македонски земјоделски производи
Кинески бизнисмени во Македонија ги разгледуваат можностите за инвестирање. Доаѓаат од провинцијата Фичуан, позната по развиеното сточарството и производство на свила, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се сретнаа со ресорниот министер Љупчо Димовски и кинескиот амбасадор во земјава Цуи Џивеи. Интересот за инвестиции бил насочен главно кон земјоделскиот сектор. „Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, во преработувачката индустрија, во делот на преработки од месо и преработка на ориз, во производството на свила, а секако го истакнаа и македонското вино кое веќе станува препознатливо на нивниот пазар. Поради добрата местоположба на Република Македонија ги разгледуваат можностите за отварање на претставништа на кинески фирми во слободните економски зони“, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од министерството додаваат дека за подобра трговската соработка и извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Народна Република Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството. Министерот на средбата ги уверувал бизнисмените дека Македонија е одлична можност за бизнис и врата кон пазарот на Европската Унија, за кој сите закони во Република Македонија кои се однесуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија.
Слично

Поврзани вести