Кинески бизнисмени подготвени да го одврзат кесето за Македонија
На Самитот што деновиве се одржува во Белград меѓу шефовите на влади на НР Кина и земјите од Централна и од Источна Европа две големи кинески компании пројавија сериозен интерес за две капитални инвестиции. Сакаат да градат голема кланица и цементарница во Македонија
Ваквата информација ја обелодени премиерот Никола Груевски, веднаш по средбата со својот кинески колега, Ли Кечијанг.
На билатералната средба со премиерот на Србија, Алексаандар Вучиќ, пак, биле потврдени добрите односи меѓу двете земји, а се разговарало и за унапредување на економската соработка.
На самитот бил потпишан и договорот за новата европска експресна железничка линија. Првиот дел од коридорот, линијата Белград – Будимпешта, ќе биде финансиран од Кина, а со него предвидено е да се поврзат Унгарија, Србија, Македонија и Грција. Премиерите сметаат дека пругата ѓе биде носител на економијата во овој регион.
Слично
