Кинеската економија се насочува кон најслаб раст од 1990 година
Бруто домашниот производ на Кина се очекува да порасне за 6,9% во текот на изминатата година, покажуваат прогнозите на аналитичарите.
Тоа би било најслабата презентација на втората по големина светска економија од 25 години. Растот за четвртиот квартал исто така се очекува да изнесува 6,9%, се вели уште во извештајот на CNNMoney.
Предвидениот раст би бил најслаб од 1990 година наваму и малку под владините проекции за пораст од 7%. За оваа година економистите предвидуваа раст од 6,5%. Официјалните податоци за БДП ќе бидат објавени утре.
Одложувањето на кинеската економија се очекува да се случи по децении на експанзија, кои доведоа до тоа таа да стане втората најголема во светот, надминувајќи ја јапонската во текот на изминатата година. Тоа во голема мера ќе е резултат на напорите на владата за пренасочување на растот од „ориентиран кон инвестициите“ кон „ориентиран кон домашната потрошувачка“.
„Очекуваме забавувањето на кинеската економија да е најголемо во 2016 година“ смета Ксиндонг Чен, економист во BNP Paribas.
Според Чен сепак следните неколку години, исто така ќе се со релативно слаб раст за Кина. Намалување на кинеската валута во голема мера е во основата на проблемите пред Кина.
Во последните неколку недели централната банка во земјата се обиде да ја насочи својата валута кон пониски вредности, за да се стимулира извозот на земјата. Овие акции сепак беа сигнал за инвеститорите дека не е во ред. Според економистите јуанот ќе се намали со нови 3% од тековните нивоа и ќе заврши годината сп 6.8 јуани за долар.
Во март средбата на владејачката партија се очекува да поднесе повеќе јасност во врска петгодишната социјална и економска програма . На партискиот состанок ќе бидат објавени и прогнозите за растот на кинеската економија за наредните неколку години.
