Кинеската економија бележи најнизок раст од 2009 година
Прв пат од почетокот на глобалната економска криза од 2009, кинескиот економски раст во третиот квартал не надмина 7 одсто на годишно ниво, кога бруто домашниот производ остварил стапка на раст од 6,9 одсто. Националната канцеларија за статистика која овие податоци ги објави денес, проценува дека се работи за „пристојни цифри“, но и дека истрајува падот на еконоскиот тренд.
Иако кинескиот пад на економски раст е процес кој не завршен, податоците на економските показатели се далеку пред било која економија во светот.
Инвестициониот раст на фиксниот капитал паднал од 10,9% на 10,3%. Дошло до забавување и во индустриското производство каде е забележан пад од 6,1% на 5,7%, додека е евидентиран благ пораст на малопродажбата од 10,9% во однос на претходнот месец.
Кинескиот претседател изразил загриженост поради движенњето на економската економија и тоа го протолкувал дел како нормален процес на реструктуирање, но и „апатија“ на глобалната економија која се одразува на сите земји посебно оние во развој.
Иако официјален Пекинг повеќе месеци се обидува со административно-финансиски мерки да го поправи економскиот амбиент (девалвација на јуанот во август), евидентирано е дека Кина, после четврт век на галопирачка експанзија, влегува во фаза на забавен економски раст, што не значи дека тоа нема да се забрза, имајќи ги предвид кредитните балони слични на оние американските, кои би можеле да пукнат во секој час.
Аналитичарите проценуваат дека кинскиот еконосмки раст ќе се забавува и 2016, посебно во областа на недвижнини и извоз и дека кинеските власти ќе мора да применат нови монетарни и буџетски мерки.
