Кинеската Централна банка предупреди: Ова ја чека глобалната економија
Шефот на централната банка на Кина предупреди за зголемените ризици за глобалната економија, објави ДПА.
На прес-конференцијата на маргините на годишната седница на кинескиот парламент, И Ган рече дека ризиците вклучуваат "многу турбулентна светска економија".
Тој, исто така, ја нагласи континуираната трговска војна меѓу САД и Кина, како и опасностите во самиот кинески економски систем.
Во врска со тековните американско-кинески разговори за затворање на војната, Ган рече дека двете страни постигнале консензус за важни прашања, како што се девизниот курс. Тој посочи дека двете страни се согласиле да не ги игнорираат своите валути во обид да добијат предност во конфликтот.
И Ган изјави дека Кина вложила многу напори за поддршка на валутата и нема да ја девалвира, додаде Франс прес.
"Да потцртам дека ние нема да се служиме со девизниот курс за целите на конкуренцијата, ние нема да се послужиме со девиззниот курс, за да го зголемиме кинескиот извоз или како средство за управување со трговските тензии", кажа тој.
"Се ангажираме да не го правиме тоа", додаде тој.
