Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина во Пакистан инвестира 46 милијарди долари

Кина во Пакистан инвестира 46 милијарди долари

Претседателот на Кина стигна во Пакистан каде ќе ги најави инвестициите во вредност од 46 милијарди долари. Фокусот е на изградба на Кинеско-пакистански економски коридор (CPEC), мрежа на патишта, железничка и нафтовод помеѓу овие две земји.

Овој коридор ќе биде долг околу 3000 км и ќе ги спојува Гвадар во Пакистан со кинескиот западен Ксинијанг регион. Проектот на Кина ќе и даден директен пристап до Индискиот океан.

Ова ќе му допринесе на кинескиот план да го зајакне економското влијание на Централна и Јужна Азија.

„Пакистан за Кина е од клучно значење. Ова ќе биде успешно“, рекол Муѓихад Хусеин Сајдед, шеф на пакистанскиот Комитет за одбрана при парламентот.

Пакистан се надева дека оваа инвестиција ќе и помогне на нивната економија која е во пад. Договорот вреден 28 милиајрди долари веќе е потпишан во текот на посетата.

Според планот, кинеската влада и банки ќе им позајмат пари на кинеските компании како би инвестирале во проектот.

Тука се и проекти на енергија поврзани со ветер, јаглен, сонце и хидрологија кои би требало да произведат 10 400 мегавати енергија за Пакистан до 2017 година. Вредноста е 15,5 милијарди долари. Ќе биде изграден и оптички кабел помеѓу двете земји во вредност од 44 милијарди долари.

Пакистан се надева дека со ова ќе стане регионален економски центар.

Слично

Поврзани вести