Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ветува нови 2,5 милиони евра помош за Македонија

Кина ветува нови 2,5 милиони евра помош за Македонија
Кинескиот амбасадор Цуи Џивеи пред заминување од функцијата во Македонија потпиша нов Меморандум за соработка со кој НР Кина на Македонија треба да и додели помош во висина од 2,5 милиони евра. Џивеи, на кого мандатот му истекува во април, го размени меморандумот со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. Состанокот се одржа во повод одбележувањето на  плодната и пријателска соработка, која ја остварија двете држави во изминатиот период, но и заедничката желба за нејзино продолжување и продлабочување. Заклучно со 2013 година со НР Кина потпишани се договори со вредност од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси.  
Слично

Поврзани вести