КИНА ВЕДНАШ ГО КАЗНИ ТАЈВАН-НЕМА УВОЗ НА ОВОШЈЕ ОД ОСТРОВОТ: Потег на Пекинг по посетата на Пелоси на Тајван
Од денеска Кина
го прекина увозот на овошје и два вида рибни производи од регионот на Тајван,
изјави Ма Ксијаогуанг, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван при
Државниот совет.
Увозот на грејпфрут, лимони, портокали и замрзната скуша од Тајван е забранет, јавува Кинеското меѓународно радио.
– Суспендиран е и извозот на природен песок од татковината Кина во Тајван – рече Ма, пренесуваТанјуг.
Најновото влошување на односите во Тајванскиот теснец се случи поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.
ФОТО: EPA/ALEX PLAVEVSKI
Слично
