КИНА: Цени без контрола, паѓаат ли паѓаат!
Индексот на потрошувачките цени, како главен показател на инфлацијата, во ноември на кинескиот пазар е зголемен за 1,4 одсто на годишно ниво, стои во податоците на Бирото за статистика на Кина.
Станува збор за најниската стапка на инфлација за последните пет години, пренесува Ројтерс.
За ноември во тековната година аналитичарите во просек очекуваа меѓугодишна инфлација од 1,6 одсто, колку изнесуваше и во октомври.
Од друга страна, произведувачките цени забележале пад 33 месец по ред, и тоа по стапка од 2,7 одсто на годишно ниво, после падот од 2,2 одсто во октомври. Аналитичарите предвидуваа намалување од 2,4 одсто.
Истиот извор наведува дека кинеската службена царина веќе објавила неочекуван пад на увозот во ноември и забавување на растот на извозот, што заедно промовираат стравови за се почуствителниот застој на втората најголема економија на светот и зголемувањето на притисокот на Пекинг да воведе нови мерки на поддршка на економската активност.
