Кина продала долари да го зајакне јуанот?
Кина продала американски долари како би ја поддржала вредноста на домашната валута, која минатиот месец се лизна на најниско ниво за осум и пол години.
Оваа информација ја пренесоа агенциите.
Девизните резерви на Кина паднале во ноември на најниско ниво во речиси шест години затоа што властите настојувале да го ограничат одливот на капитал и да ја подигнат вредноста на јуанот.
Падот на девизните резерви е последица на трипроцентното зајакнување на доларот спрема корпата на водечките светски валути во ноември, тврди кинескиот регулатор за девизен пазар.
Само во минатиот месец, кинескиот јуан ослабнал за 1,6%, што е најлош месец за кинеската валута од август 2015 , кога официјален Пекинг го шокираше пазарот со одлуката за девалвација на валутата од 2,0%.
Девизните резерви на Кина минатиот месец паднале за 69,06 милијарди долари, на 3,052 милијарди долари. Тоа е најниско ниво од март 2011 години и петти месец со последователен пад, се гледа од податоците на кинеската централна банка.
Економистите на Ројтерс предвидуваа дека девизните резерви ќе паднат за 30 милијарди долари, на 3,091 милијарда долари во ноември , после падот од 45,7 милијарди од октомври.
