Кина не се плаши од трговска војна
Кинеските власти упатија јасна порака да американскиот претседател Доналд Трамп дека не се плашат од трговска војна но, се надеваат дека истата ќе биде избегната и ќе се постигне договор за сите спорни прашања кои треба да се наметнат сега и во иднина.
„Кина се надева дека САД ќе се вратат од работ на бездната, ќе направат мудри одлуки и ќе избегнат влечење на билатералната трговија во многу опасно место“, порачаа од кинеското министерство за економија.
Кина направила проценка на увозот на стотина американски производи и проценила дека тие вредат годишно околу 3 милијарди долари, а се претежно во прехрамбената индустрија. Доколку Кина ги зголеми трговските тарифи тогаш голем број на американски работници и земјоделци или би останале без работа или би добиле пониски плати.
Трговската војна ќе биде неизбежна доколку Трамп остане на планот да ги зголеми тарифите за увоз на челик, железо и други легури. Неговиот план е да се спречи огромниот профит на кинеските компании кои имаат државна помош и со тоа многу евтин производ кој е далеку поконкурентен од американскиот.
Така и челичната индустрија на САД постојано страда и Трамп сака тоа да го прекине, но целосна трговска војна е сосема неприфатлива бидејќи ќе има многу тешки последици на глобално ниво.
