Кина му го враќа ударот на Трамп за таксите
Трговската војна меѓу САД и Кина не запира.
Кина ќе воведе тарифи на американската роба во вредност од 60 милијарди долари, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.
Претходно САД започнаа трговска војна зголемувајќи ги тарифите на 200 милијарди долари за кинеските производи.
Кина од 1 јуни ќе воведе тарифи на вкупно 4.140 американски производи.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина да не одговара со ново подигнување на царините истакнувајќи дека американските потрошувачи нема на своја кожа да ја почувствуваат таа мерка.
Слично
