Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина купи рекордна количина злато од Русија

Кина купи рекордна количина злато од Русија

Кина купи рекордна количина злато од Русија во ноември.

Најголем износ досега во билатералната трговија - 961 милион долари, според анализата на податоците од кинеската царина, oбјави РИА Новости.

Ова е втор месец по ред пратките да бидат толку високи. Во октомври, тие изнесуваа 930 милиони долари.

Минатата година, највисоката вредност на пратките беше 223 милиони долари.

За само 11 месеци, увозот на руско злато во Кина достигна рекордни 1,9 милијарди долари, што е речиси деветпати повеќе од нивото од претходната година.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести