Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина купи 10% од лондонскиот аеродром Хитроу

Кина купи 10% од лондонскиот аеродром Хитроу
Кинеската влада денеска соопшти дека купила 10 проценти од капиталот на операторот на лондонскиот аеродром Хитроу, проширувајќи ги инвестициите во британската инфраструктура, пренесуваат  светските агенции. „China Investment Corporation“ не даде финансиски детали, но затоа „Ferrovial“ - шпанската компанија која поседува 49.99 проценти од „Heathrow Airport Holdings“, објави дека Кина  им исплатила на останатите акционери вкупно 725.8 милиони долари (560 милиони евра), за нивните акции .Од шпанската компанија соопштија дека нивниот удел „Heathrow Airport Holdings“, по продажбата на дел од своите акции , се намалил до 39.37 проценти. „China Investment Corporation“ е создадена во 2007 година, за да управува со дел од странски резерви на Кина со надеж за повисок поврат на пари во земјата.
Слично

Поврзани вести