Кина ќе „владее“ на интернетот со инвестиција од 15 милијарди долари
Кинеската влада формираше нов инвестициски фонд кој ќе располага со речиси 15 милијарди долари со цел да прерасне во вистински светски лидер на интернет сферата.
Средствата ќе се користат за интернет иновации, создавање и помош на компании, подобрување на интернет инфраструктурата и сајбер безбедноста во земјата и напредни проекти кои ќе ги водат и државните институции и постоечките интернет сервиси.
Според Кинескиот информациски центар за интернет, бројот на регистрирани корисници на интернет во Кина е 731 милион луѓе, што е колку и населението во цела Европа. Таа цифра означува дека 53 отсто од жителите на Кина имаат пристап до интернет.
Слично
