Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ќе го забранува Биткоинот - Се повеќе се користи за криминал

Кина ќе го забранува Биткоинот - Се повеќе се користи за криминал

Народната банка на Кина сериозно размислува да го забрани тргувањето со популарната крипто-валута биткоин бидејќи според многу финансиски истраги се користи се почесто во криминални активности, како перење пари и лихварство.

Во Кина поради слабеењето на националната валута јуанот се почесто граѓаните и компаниите се решаваат да купат валути во биткоин, со што и самата негова вредност расте, а нуди одредена стабилност и ефикасност. 

Сепак, регулаторните тела ќе вршат сериозни проверки на трите најголеми кинески берзи со биткоин кои мора да ги почитуваат законите, во спротивно ќе бидат затворени и изведени на суд. Ако биткоинот премногу се закани со вредноста на јуанот може да се донесе и одлука за забрана за негово пуштање во промет.


Слично

Поврзани вести