Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ќе биде првата економија без кеш во светот - Што може ние да научиме?

Кина ќе биде првата економија без кеш во светот - Што може ние да научиме?

Според стапките на раст на мобилните и бесконтактните плаќање сосема извесно е дека Кина ќе биде првата светска економија во која ќе нема да се користи готовина на пари, туку се ќе се врши електронски преку мобилна апликација и електронско банкарство. Нивото на иновации во Кина откако почна смартфон револуцијата е неверојатно, па дури ни моќна економија како САД не може да го следи ова забрзано темпо.

Во Кина главна апликација за сите видови на мобилни плаќања како и севкупна социјална мрежа за допишување е WeChat. Можеби звучи бизарно но, овој спој на сервиси како Facebook Messenger, Uber, Google Maps и други во едно функционира речиси перфектно во големите кинески градови каде е невозможно да сопрете на пример такси на улица ако не ја користите апликацијата, ниту пак да купите кафе ако немате WeChat и систем за мобилни плаќања по електронски пат.

Исто така целиот овој концепт звучи можеби малку комплицирано, но всушност во реалната примена е многу едноставно. Преку NFC технологија или пак преку било која банкарска технологија за пост терминали се воспоставува врска меѓу мобилниот уред и системот за наплата при што се одобрува трансакцијата. Корисникот прави поврзување на неговата платежна картичка без оглед од која банка или финансиска институција е издадена и ја користи за целосна наплата во секојдневието. 

Дека овој систем нуди големи предности укажува и фактот дека во 2017 година вкупните мобилни трансакции изнесувале неверојатни 12,8 трилиони долари во Кина што е вистински рекорд.

Е, сега би се обиделе да одговориме и на првично поставеното прашање што може да научиме ние. Македонија како помала држава и секако, пазар со ограничени можности може да размислува за едно поопфатно електронско решение за плаќања само со смартфон. Тоа ќе овозможи корисниците најпрво да плаќаат брзо и ефикасно, а потоа и да добијат пристап до една сеопфатна услуга, со преглед и наоѓање на неопходни и корисни совети, лесни трансакции на парични средства меѓу кориснички сметки, како и збогатување на понудата на едно место. 

Секако, идеи и опции има многу, па затоа со нетрпение очекуваме да започнат првите посериозни мобилни платежни системи и во Македонија кои ќе го отворат патот за креирање новитети, а со тоа и подобрување на одредени сегменти на поврзаната економија. 

Слично

Поврзани вести