Кина ќе гради соларна централа во пустината Гоби
Кинеската централа „Delingha“ се наоѓа во пустината Гоби, во провинцијата Чингхаи и ќе се протега на земјиште од 25 km².
Оваа централа ќе има капацитет од 200 мегавати, што значи дека ќе може да обезбеди електрична енергија за 1 милион домаќинства во Чингхаи преку целата година.
Таа ќе може да ја одржува топлината 15 часа што значи ќе може стабилно и постојано да се произведува електрична енергија.
На почетокот ќе се градат две кули кои ќе произведуваат енергија за повеќе од 452 илјади домови, а потоа ќе се изградат и останатите четири кои ќе произвеуваат електрична енергија за 1 милион домови.Овој проект е заеднички развиен од страна на „Shanghai Electric Group“ од Кина и компанијата „BrightSource Energy“ од Оукланд, Калифорнија
Слично
