Кина ќе ги ублажи ограничувањата за странските инвеститори
Кинеската централна банка планира да ги олесни ограничувањата за странски инвеститори по повод влезот и излезот на капитал од земјата, според запознаени извори, цитирани од Bloomberg.
Промената во правилата ќе влијае на институционалните инвеститори во врска со ограничувањата за насочување на средства на локалните акции и обврзници. Периодите за "заклучување на капиталот", или времето во кое странските инвеститори немаат право да ги продаваат стекнатите акции и да го извезуваат капиталот од земјата, ќе бидат сериозно намалени. Слични потези покажуваат недостаток на промена на плановите на кинеските регулатори за либерализација на пазарот на капитал, и покрај сериозниот пад и нестабилноста во индексите и јуанот од почетокот на годината. Во моментов на странските инвеститори им е забрането да внесуваат поголем капитал од одредена количина во одреден период на време.
Овие ограничувања се очекува да отпаднат. Прогласувањето на новите промени очекува финално одобрување од властите, според истите извори, кои побарале анонимност.
Слично
