Кина и Бугарија ќе ја зголемуваат економската соработка
Над 300 претставници од 150 кинески и 30 бугарски фирми учествуваат на кинеско-бугарскиот бизнис форум, што се одржува во Пекинг.
Бугарските компании од сферата на информатичката технологија, текстилната индустрија, производството и дистрибуцијата на храна и вина, транспортот, трговијата, туризмот и производство на енергија од обновливи извори се среќаваат со нивните кинески колеги.
Бугарската бизнис делегација во Пекинг ја предводи бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој најави дека Кина и Бугарија ќе работат на проширувањето на трговската размена и имаат за цел во следните пет години истата двојно да ја зголемат. На оваа тема тој разговарал и со неговиот кинески колега Кси Џинпинг.
„Веруваме дека Бугарија може и ќе биде врата за кинеските производи, производство, технологии и услуги во ЕУ“, рече бугарскиот претседател.
Стоковата размена меѓу Софија и Пекинг се зголемила за четири пати во последните десет години, а бугарскиот извоз кон оваа азиска земја е двојно зголемен во 2012-та година во однос на 2011-та година.
Слично
