Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина го поддржа Путин -двете сили се поблиску

Кина го поддржа Путин -двете сили се поблиску

Кина го поддржа моделот на евроазиските интеграции кои ги поддржа претседателот на Русија Владимир Путин и кои вклучуваат инцицијатива на Пекинг, Економски појас по пат на свила.

„Што се однесува до интеграциите на Евроазиската еконосмка унија (EAEU) и Економскиот појас по пат на свила според предлогот на Путин, лидерите на таа земја и Кина постигнаа консензус“, рекла портпаролката на кинеското Министерство за внатрешни работи Хуа Чунјинг.

„Тоа е важен стратешки чекор за економската соработка на земјите од регионот, како и за остварување на заеднички профит и напредок за државите и народот во регионот.

Кина е подготвена да соработува со сите страни, вклучувајќи ја и Русија, на развој на регионалните соработки засновани на еднаквост, заеднички користи и консултации во рамки на Шангајската организација за соработка(SCO)“, навела Хуа.

Путин во вчерашното обраќање на нацијата ги повика колегите од EAEU  да покренат консултации со членките на SCO и Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (ASEAN) поради развој за економско партнерство.

Слично

Поврзани вести