Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина го гради најголемото светско пристаниште

Кина го гради најголемото светско пристаниште
До 2020-та година Кина планира да заврши со  проширување на пристаништето во градот Кингдао, со што ќе го добие најголемото пристаниште во светот. Пристаништето треба да прими до 30 милиони контејнери, а ќе се зголеми и капацитетот за претовар на суровини. Во изградбата  кинезите ќе инвестираат околу 4,7 милијарди евра, јавува германската новинска агенција ДПА. На пристаништето во Кингдао сега може да се укотват 81 брод, но планот предвидува изградба на 112 места за прекуокеанските бродови, со што ќе биде надминат капацитетот на досега најголемото пристаниште во светот - Шангај. Втората најголема економија во светот последниве децении интензивно работи на инвестициите во инфраструктурата. Во септември минатата година, кинеската влада најави голем број инвестиции во транспортната инфраструктура, со вкупна вредност од околу 250 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести