Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина е прва: САД после 142 години не е најјака економија

Кина е прва: САД после 142 години не е најјака економија

Кина ги пристигна Соединетите Американски Држави и го завзеде првото место во големината на светската економија. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, САД е сега втора најголема економија на светот и тоа прв пат од 1872 година кога ја надмина Велика Британија.

Кина од првото место ги истисна САД по таканаречен паритет на куповна моќ, но некои економисти се сомневаат дека тој параметар може да ја одреди големината на целокупната економија.

Според тие податоци, кинеската економија е вредна 17,61 трилиони долари, а американската 17,4 трилиони. Се очекува и понатамошен раст на кинеската економија која, според проценките во 2019 година ќе вреди речиси 27 трилиони долари, додека американската ќе изнесува 22,3 трилиони, пренесува Дејли Меил.

Слично

Поврзани вести